Европската унија остро ја осуди Русија поради повредата на полскиот воздушен простор со дронови, кои беа соборени од страна на Полска и нејзини НАТО-сојузници.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Европа е во „целосна солидарност со Полска“ и додаде дека се работи за „невидена повреда“ на воздушниот простор на Полска и Европа од страна на повеќе од 10 руски дронови тип Шахед.
Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека „полскиот воздушен простор бил нарушен од голем број руски дронови“ и дека сите кои претставувале директна закана биле соборени.

Министрот за одбрана Владаслав Кошиниак-Камиш изјави дека повеќе од 10 дронови ја преминале границата, а Полска добила поддршка од НАТО и Холандските воздухопловни сили со ангажман на F-35 борбени авиони.
Белорусија, пак, тврди дека ги предупредила Полјаците за приближување на дронови, кои наводно се „изгубиле поради електронско пречки“.

Според белорускиот Генералштаб, дел од дроновите биле соборени и над белоруска територија, а двете страни – Полска и Белорусија – размениле информации за „неидентификувани летала“.
Белорускиот генерал Павел Муравејко рече дека соработката со Полска и балтичките земји ќе продолжи.
Полска собори руски дронови кои ја нарушија нејзината воздушна зона
