Вести Македонија

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Вчера судот го ослободи Никола Груевски во случајот „Талир 2“.

Ова не е изненадување. Тоа е уште еден доказ дека правосудството во Македонија е под директна контрола на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО. Груевски не е ослободен затоа што е невин. Тој е ослободен затоа што Христијан Мицкоски го заштити својот ментор, ова во соопштение денеска го пишува опозициската СДСМ.

  • Сè што се случува во правосудството во последните две години покажува дека Мицкоски има целосна контрола врз обвинителството и судовите. Тој јавно дава задачи од собраниската говорница, преку медиуми и преку телефон. Таканареченото „независно“ обвинителство постојано постапува според политичките налози од Белата палата, велат од партијата.

Од СДСМ истакуваат дека кога Мицкоски сака некој да биде заштитен, тој е заштитен. Кога сака некој да биде гонет, тој е гонет. Според нив вчерашната одлука за Груевски е уште една потврда за тоа.

  • Никола Груевски со години е бегалец во Унгарија, под заштита на Виктор Орбан. Денес, благодарение на Христијан Мицкоски, тој добива и судска заштита во Македонија. Сè што Мицкоски правеше изминатиот период, од одбивање да ги испрати документите за екстрадиција, до јавните пораки и притисоци врз институциите, беше насочено кон заштита на својот политички татко и ментор, стои во соопштението.

Од СДСМ прашуваат: Дали Мицкоски и за овој случај имаше „чувство“?

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косово ја прогласи српската министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата

Kristina Kuzmanovski

Со ограничени резерви на гориво, девет авиони над Лондон во вонредна состојба, пренасочени и 14 летови

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој го блокираат Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе