Шеснаесетгодишен средношколец изврши вооружен напад со пушка врз полициска станица во населбата Балџова во Измир, при што уби двајца полицајци и рани уште двајца полициски службеници и еден цивил, соопштија турските власти.

Напаѓачот, кој живеел на истата улица каде што се наоѓа станицата, прво застрелал полицаец кој стоел на стража пред објектот, а потоа во престрелка загинал и началник на полицијата.
Тинејџерот бил уапсен откако бил погоден во ногата, а според првичните информации, користел пушка која му припаѓала на неговиот татко.

Иако некои медиуми објавија дека нападот бил одмазда по наводно претходно приведување, гувернерот на провинцијата Измир, Сулејман Елбан, изјави дека осомничениот немал досие и не бил претходно притворен.
Мотивот сè уште се истражува.
