Португалскиот премиер Луис Монтенегро вети „целосна поддршка“ за жртвите, преживеаните и нивните роднини по несреќата со жичницата во Лисабон, во која загинаа најмалку 17 лица, а 21 беа повредени, од кои петмина сериозно.
Трамвајот во центарот на градот, кој е главна атракција за туристите во португалскиот главен град, излета од шините за време на вечерниот шпиц во средата.
Службениците денеска се фокусираа на утврдување на причините за несреќата, но одбија да коментираат дали неисправна сопирачка или скинат кабел можеби се причина за трамвајот да се удри во зграда каде што стрмниот пат се криви.
Сите мртви се возрасни, според шефот на Агенцијата за цивилна заштита на Лисабон.
Премиерот Монтенегро се заблагодари за меѓународната поддршка и сочувството по трагедијата.
Меѓу повредените има Португалци, како и двајца Германци, двајца Шпанци и по едно лице од Франција, Италија, Швајцарија, Канада, Мароко, Јужна Кореја и Зелено’ртски Острови.
Станува збор за мажи и жени на возраст меѓу 24 и 65 години, како и едно тригодишно дете.
Во Португалија денеска е прогласен ден на жалост по најлошата катастрофа во поновата историја Лисабон.
