Француски европратеници од екстремната левица и десница најавија две одвоени иницијативи за изгласување недоверба на Европската комисија предводена од Урсула фон дер Лајен.
Левицата ја обвинува Комисијата за трговски договори штетни по европските интереси, неуспех во климатската и социјалната политика и игнорирање на состојбата во Газа.
Од десницата, Марин Ле Пен иницира предлог поради поддршката за договорот со Меркосур, кој, според неа, е штетен за француското земјоделство.
Иницијативите доаѓаат пред годишното обраќање на Фон дер Лајен „Состојбата на Унијата“, како и во време на зголемени политички тензии во Франција пред евентуални предвремени избори.
Сепак, според европските аналитичари, шансите овие иницијативи да добијат потребна поддршка се мали.
