Вести Македонија Најважни

(ВИДЕО) Граѓани тврдат за Телма: Пожарот во Вардариште настанал од украдени и запалени кабли

Загадениот воздух од депонијата на Вардариште се уште претставува сериозна опасност за скопјани. Депонијата што  гореше пред неколку дена и самиот чад дополнително го загрози квалитетот на воздухот. Жителите на скопската општина Аеродром денеска повторно ќе излезат на протест во паркот кај Авиончето, поради загаденоста од самата депонијата .

Тие најавија секојдневни мирни протести во 18 часот, кои ќе траат по еден час на булеварот АСНОМ и булевар Србија, пред мостот „Киро Глигоров“, сè додека не се најде решение за проблемот.

За зголемување на видливоста на протестите изработен е флаер на кој е прикажано дете со гас-маска, со порака за опасноста од загадувањето и сериозноста на проблемот. Слоганот гласи: „Стоп за екоцидот во нашиот крај! Бараме итно делување!“.

Граѓани доТелма пак испратија видео снимки и тврдат дека пожарот во Вардариште е подметнат од маскирани анонимни лица, откако претходно биле украдени кабли и истите биле запалени на Вардариште.

Граѓаните кои се обратија до Телма, тврдат дека каблите што биле запалени, се и доказ во полицијата дека е подметнат. Од МВР пак велат дека се уште немаат информација од увидот што може да се сподели во јавноста, но сепак деталите посочуваат ќе ги соопштат наскоро.

Околу загадувањето пак, министерството за животна средина велат дека  се следи преку мониторинг станици, но надлежноста за решавање на проблемот е на локалните самоуправи.

МЖСПП го евидентира загадувањето преку мрежата на мониторинг станици а надлежноста е на локалните самоуправи за решавање на проблемот со Варддариште. Решението треба да го донесе град Скопје заедно со општина Гази Баба и општина Аеродром на чија територија се наоѓа Вардариште, велат од министерството за животна средина и просторно планирање.

Незадоволството на граѓаните ескалираше по големиот пожар во неделата, кога делови од Скопје останаа без струја, а загаденоста стана големата закана по нивното здравје.

Марија Коцева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Демирхисарската болница ќе биде спроведен на лекување таткото на Меланија која објави дека со нејзиното семејство се жртви на семејно насилство

Tea Dimkovska

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе