Документарни

ПАНАМА: СУША, ХАОС И ОЧАЈНИ МИГРАНТИ – понеделник, 01 септември 2025 – 19:15

Меѓу Атлантикот и Тихиот Океан, на влезот кон Америка, познатиот Панамски канал е клучна раскрсница за светската трговија со стоки. Но, за првпат во својата историја, тој е целосно заситен. Огромни сообраќајни гужви ги приморуваат контејнерските бродови да чекаат со недели за да преминат од еден океан во друг. Проблемот е тешка суша што го намали нивото на каналот. Земјата е исто така и една од најопасните миграциски рути во светот. Во 2023 година, половина милион мажи, жени и деца ги ризикуваа своите животи на оваа рута кон Северна Америка.

Секој ден низ каналот поминуваат 40 брода, носејќи 1,5 милиони тони товар. За да го зачуваат драгоцениот канал – главниот извор на приходи за Панама – властите се подготвени на сè. Тие пумпаат вода од сите можни резерви на земјата, неопходна за функционирањето на бравите. Но ова незамисливо трошење го лишува населението од питка вода. За секој брод што минува, се користат 100 милиони литри свежа вода, кои потоа се губат во морето.

На врвот на кризата, пред неколку месеци, над 163 брода беа приморани да фрлат сидро. Оттогаш, некои веќе почнаа да ја избегнуваат областа за да не заглават. Сè повеќе бродови претпочитаат да го заобиколат Каналот и Панама, иако тоа значи огромно заобиколување. За оние на кои им се брза, постои решение. Управата на каналот нуди аукции за итни премини. Пред неколку недели, еден брод плати рекордни 4 милиони долари за своето поминување – тоа е 40 пати повеќе од вообичаената тарифа.

Панама не е само клучна транзитна точка за стоки, туку и за мигранти од целиот свет. Во густиот џунгловски предел на Дарјен, нашите новинари ја следеа пеколната рута по која секојдневно минуваат илјадници луѓе. И покрај ризиците, нивниот број секоја година расте, а околу тоа никна и неверојатен бизнис. Кланови на криумчари наплаќаат високи суми за влез во џунглата и за снабдување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СВЕТОТ НА ПЕТ ЅВЕЗДИЧКИ – сабота, 06 јуни 2026 – 17:20

Дејан Дејан

СИНОТО ЗЛАТО НА АЛПИТЕ: РЕСУРС ПОД ЗАКАНА – недела, 31 мај 2026 – 17:05

Дејан Дејан

МИКРОБИТЕ – НАШИТЕ НЕВИДЛИВИ ХЕРОИ – четврток, 28 мај 2026 – 20:20

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе