Вести Македонија Најважни

Темата ЕУ да не се користи во кампањата за локални избори?!

„Нова итроштина“ вака премиерот го толкува предлогот на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, да се донесе декларација во Собранието со „црвени линии“ дека, доколку има ново вето, ќе се стави крај на преговорите со ЕУ.

Вели дека игра на картата на кратка меморија и го потсети дека веќе одбиле слични декларации, да не прифаќаат ултиматуми од Софија и да нема промена на името, а не ги почитувале ниту резултатите од референдумот.

„Нашата позиција како Влада ја знаете, не треба да ја повторувам, така што тој тип на итроштини ќе ги оставиме во минатото, коешто е поразено“ изјави премиерот Христијан Мицкоски.

И поранешниот министер за надворешни работи е против нови декларации. Вели дека, најдобриот пат за да нема ново вето е да се почитуваат договорите. Побара и да се постигне договор, темата ЕУ да не се користи во изборната кампања.

„Ајде да потпишеме договор сите политички партии дека за тема Европска унија нема да се критикуваме, нема да се напаѓаме, ќе ја преземеме заеднички одговорноста. И ајде да ги почитуваме договорите, бидејќи тие не штитат нас“ изјави Бујар Османи.

Неговиот против-кандидат за Чаир, пак, побара за парламентарни теми да не се разговара пред локални избори.

„Некој живее во филм од пред 2001, Бадентер и Балансер не се теми за на локални избори“ изјави Изет Меџити, министер за животна средина.

Апелите се резултат на преовладувањето на општествените теми над  локалните, во пресрет на локалните избори.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Демирхисарската болница ќе биде спроведен на лекување таткото на Меланија која објави дека со нејзиното семејство се жртви на семејно насилство

Tea Dimkovska

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе