Вести Свет

Зеленски го отфрла предлогот за „тампон зони“ како дел од потрагата по мир во Украина

Украинскиот Претседател, Володимир Зеленски, ги отфрли предлозите за воспоставување на ткн „тампон“ или демилитаризирани зони меѓу Украинските и Руските сили, како дел од мировен договор на двете држави, тврдејќи дека тоа не е соодветно со реалностите на модерното војување.

„Само оние кои не ја разбираат технолошката страна на денешното војување може да предложат воспоставување на тампон зони“, изјави Зеленски денеска.

Тампон зоните претставуваат демилитаризирани зони меѓу завојуваните страни, како по примерот на војната меѓу Северна и Јужна Кореја или физички ограничувања како „Железната завеса“ , која ги раздвојуваше Советскиот блок и Западот по Втората светска војна.

Според информациите на „Политико“, Европските дипломати тврдат дека предлогот кој го дискутирале воени и политички чинители бил дел од територијата на Украина  да биде блокирана меѓу двете страни.

Но, Зеленски вели дека веќе постои дел од линијата на фронтот кај двете завојувани страни каде што тешката артилерија не може да биде употребувана заради ризикот од употреба на дронови.

„Денеска, тешките оружја на двете страни се на растојание од повеќе од 10 км меѓусебно, затоа што сѐ може да биде уништено со дронови.“ – рече Зеленски.

„Оваа тампон зона, јас ја нарекувам „мртва зона“, некои ја нарекуваат “сива зона“, таа веќе постои.

Формирањето на тампон зона  исто така би значело дека Украина ќе треба да се откаже од дел од својата територија во рамките на зоната, што Зеленски исто така го отфрла. „Ако Русија сака да биде на поголемо растојание од нас, тие може да се повлечат подлабоко во привремено окупираните Украински територии“, рече Зеленски, додавајќи дека Русија не е подготвена за дипломатија и бара начини да го одложи крајот на војната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Измама со брзи кредити – две кумановки подигнале над 150.000 евра на име на нивни сограѓани

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Скендербег, Мисирков, Мајка Тереза се меѓу новите имиња на улици во Тетово

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе