Вести Свет

Турција ја прекина трговијата со Израел и го затвори воздушниот простор за израелски авиони

Турција ги прекина сите трговски односи со Израел и го затвори својот воздушен простор за израелските авиони, како одговор на постапките на земјата во Газа, изјави министерот за надворешни работи, Хакан Фидан.

„Целосно ја прекинавме трговијата со Израел. Ги затворивме нашите пристаништа за израелските бродови. Не им дозволуваме на турските бродови да пловат кон израелски пристаништа“, рече Фидан на парламентарна седница за ситуацијата во Газа во Анкара..

Ниту една друга земја нема целосно прекинато трговски односи со Израел, пренесува агенцијата ДПА.

Мерките се дел од сеопфатен пакет дипломатски, правни и економски мерки што Анкара ги воведе поради конфликтот во Газа, додаде Фидан. Турција постојано ја опишува војната во Појасот Газа како „геноцид“.

Повеќе од 62.000 Палестинци се убиени во конфликтот, според податоците од Министерството за здравство под контрола на Хамас кои се сметаат за главно веродостојни.

Турција претходно најави дека ќе ја ограничи трговијата со Израел и изјави дека трговија не се одвива од мај 2024 година.

Според Турскиот институт за статистика, трговијата на Турција со Израел изнесувала седум милијарди долари во 2023 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Скендербег, Мисирков, Мајка Тереза се меѓу новите имиња на улици во Тетово

Sasko Dimovski

Братучед полицаец не ѝ помогнал, сведочеше жртва од пожарот во „Пулс“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе