Вести Македонија Најважни

Ниту кешбек, ниту пристап до сметката – „Лајконет“ ја затвори апликацијата

Членовите на „Лајконет“ во Македонија веќе не можат да ги користат поволностите на кешбек системот, ниту пак имаат пристап до своите сметки, бидејќи вчера и „МајВорлд“ и „Лајконет“ Македонија ги затворија своите веб страни и ја деактивираа апликацијата.

Според првичните информации, страниците се затворени на барање на надлежните институции во Австрија, бидејќи преку нив, и покрај активниот стечај, сè уште се вршело рекламирање за компанијата.

Членови на „Лајконет“ за „Телма“ потврдија дека од вчера немаат пристап до своите сметки и средствата кои се на сметките како и дека повеќе не функционира кешбек системот во Македонија.

Тие потврдија дека и покрај активираната стечајна постапка, системот функционирал заклучно со средата, но не можеле да ги искористат, односно да ги подигнат бенефициите кои им стојат заглавени на сметките уште од јуни.

Според информациите на „Телма“, финансиските проблеми во кешбек империјата „МајВорлд“ почнале уште во 2023 година кога пропаднале два проект во кои биле инвестирани многу средства – крипто менувачница и сопствена крипто валута, а и натаму се трошеле огромни суми на ексклузивни настани.

Откако компанијата стигнала до долг од 56 милиони евра за неплатен данок, властите во Австрија отвораат стечајна постапка.

Членовите на „Лајконет“ во Македонија имале онлајн состанок со сопственикот Хуберт Фрајдл на 1 август, со ветување од сопственикот дека стечајот ќе трае најмногу три до четри месеци и со најава дека мрежата ќе функционира преку странска блокчеин фирма „Кешбек јуниверс“

Откако членовите на „Лајконет“ и „МајВорлд“ од Македонија, Србија, Бугарија, Словенија, Италија и уште неколку држави од ЕУ се обиделе да покренат тужба, утврдиле дека согласно договорите тие се партнери во фирмата, а не доверители што драстично ја намалува нивната можност за било каков судски процес за надомест на евентуална штета.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе