Вести Свет Топ вести

Kалас: Путин само се потсмева на секаков вид мировни напори што се преземаат

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Kaја Калас го нападна рускиот претседател Путин,  велејќи дека најновиот голем воздушен напад врз Киев, во кој беа оштетени дипломатските канцеларии на ЕУ, покажува дека претседателот Владимир Путин „се потсмева на секаков вид мировни напори“.

Нејзините коментари доаѓаат еден ден по руското бомбардирање на Киев во центарот на градот во кој загина најмалку 21 лице, а 48 беа ранети.

„Вчера ги видовме огромните напади врз Киев. Исто така, беше погодена и европска делегација. За среќа, никој не беше физички повреден, но сепак, мислам, овие напади покажуваат дека Путин само се потсмева на секаков вид мировни напори“, рече таа.

„Она што треба да го направиме е да го зголемиме притисокот врз Русија“, додаде Калас.

Бомбардирањето со беспилотни летала и ракети беше првиот голем руски напад врз Киев во последните неколку недели, додека мировните напори предводени од САД за ставање крај на тригодишната војна го намалија интензитетот.

Кремљ соопшти дека Русија останува заинтересирана за продолжување на мировните преговори и покрај воздушниот напад вчера, кој беше еден од најголемите, откако започна војната во 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малолетни сведоци: Видовме полицајци во „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе