Останато Спорт

Евгениј Поп Ацев рамо до рамо со легендите – го преплива каналот Ла Манш

Евгениј Поп Ацев стана петиот македонски пливач што успеал да го преплива каналот Ла Манш помеѓу Англија и Франција. Тој ќе остане запаметен во историјата на македонското пливање и ќе застане рамо до рамо со Нико Нестор, Атина Бојаџи, Томи Стефановски и Игор Димовски.

За Поп Ацев ова беше втор обид да го преплива каналот, бидејќи претходно не успеа во 2023 година. Овој пат големиот спортски подвиг успеа да го направи со време од 9 часа и 43 минути.

Каналот Ла Манш е долг 33,7 километри помеѓу двете најблиски точки во Англија и Франција, но пливачите често пливаат многу повеќе дури и до 100 километри поради силните струи и ветрови.

За Поп Ацев ова е круна на богатата пливачка кариера, бидејќи три пати беше светски првак и влезе во Алејата на славните во маратонско пливање.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Ролан Гарос остана без првата носителка: Шнајдер ја шокираше Сабаленка (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Драконска казна за Шкендија: Суспензија од Купот и глоба од 105.000 евра

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе