Гаранциите за безбедност на Украина веројатно ќе бидат изготвени во рок од 10 дена, изјави претседателот Володимир Зеленски по разговорите во Вашингтон со американскиот претседател Доналд Трамп и дел од европските лидери.
„Подготвени сме за билатерална средба со Путин, а потоа и за трилатерална со Трамп“, рече Зеленски.
Тој истакна дека прашањето за евентуални територијални отстапки, какви што бара Русија, ќе биде „тема која ќе ја оставиме за разговор меѓу мене и Путин“.
Досега Зеленски бараше прекин на огнот како предуслов за средба со рускиот претседател, но вчера изјави дека условите може да го забават процесот.
„Ако Украина постави услови, Русија ќе направи исто. Затоа мислам дека треба да се сретнеме без претходни услови и да видиме каков напредок може да постигнеме кон крајот на војната, нагласи украинскиот претседател.
Макрон бара столче и за ЕУ на мировните преговори меѓу Трамп, Путин и Зеленски
