Во врска со безбедносните гаранции, весникот „Фајненшл тајмс“ објави дека Украина ќе вети купување на американско оружје во вредност од 100 милијарди долари кое го финансира Европа, како дел од договорот за добивање на гаранции од САД за сопствената безбедност по мировниот договор со Русија.
Повикувајќи се на документ што медиумот го имал на увид, од „Фајненшл тајмс“ додаваат дека, според предлозите, Украина и САД ќе склучат договор вреден 50 милијарди долари за производство на дронови со украински компании.
Зеленски: Евентуални територијални отстапки ќе бидат тема на разговор меѓу мене и Путин
