Студентското движење „Студентите во блокада“ за вечерва најави нови протестни собири низ Србија. Според објавата на Инстаграм, протестите во Белград ќе започнат во 19:30 часот на три локации – кај зградата на Генералштабот, кај кружниот тек во близина на Општина Нови Белград и кај Автокоманда.
Во Нови Сад, протестот е најавен за 19:45 часот пред зградата на Безбедносно-информативната агенција.
Протести се закажани и во други градови – во Крагуевац, Краљево, Лозница и Шабац собирите ќе започнат во 19:30 часот, во Ужице во 20 часот, а во Ниш во 21 часот, иако точната локација таму сè уште не е објавена.
Дополнително, собири се најавени и во десетици други места, вклучувајќи ги Панчево, Чачак, Зрењанин, Лесковац, Смедерево и Струмица.
Претходните две вечери беа обележани со инциденти и судири меѓу демонстрантите и симпатизерите на Српската напредна партија (СНС), особено во близина на нивните простории.
Поддржувачите на СНС користеле пиротехнички средства, при што неколку лица биле повредени, вклучително и припадници на полицијата.
Студентите ги повикуваат граѓаните на мирен отпор и солидарност.
Зачестија судирите меѓу демонстрантите и поддржувачите на власта во Србија
