Вести Македонија Најважни

Селекторите избрани, но процесот за избор на нов претседател на Антикорупциска ќе „мирува“ до ноември

Изборот на нов претседател на ДКСК почна, беше избрана комисија за селекција и веднаш беше ставен во мирување. Кој ќе дојде на местото на Татјана Димитровска, обвинетата за оддавање службени тајни од предмети на Антикорупциската комисија ќе се знае после избори.

Законот не дозволува нови вработувања и избор на нови функционери во изборен период кој годинава завршува на 3-ти ноември.

Претседателот на собраниската комисија за избори и именувања Сајкоски го прочита и известувањето од Антикорупциската комисија дека сами треба да одлучат дали да го стават во мирување процесот поради законските забрани за вработувања пред избори.

Претходно едногласно беше избрана и комисијата за селекција. Претставник на Омбудсманот е заменик народниот правобранител Илбер Руфати, а од невладиниот сектор, селекцијата ќе ја вршат Дарко Аврамовски и Бардил Јашари. Во комисијата најбројни се пратениците, од власта се Бојан Стојановски и Саранда Имери, а од опозицијата Митко Трајчулески и Арбана Пашоли.

Тие ќе ги бодуваат кандидатите кои до петок ќе се пријават на конкурсот, на местото на Димитровска која поради обвинение си поднесе оставка.

При изборот на Димитровска лани, таа доби максимални 100 поени од сите пратеници од сите партии, бои и позиции додека невалдините и дадоа слаби поени, но сепак таа освои најмногу и ја водеше Антикорупциската комисија до откритието дека на осомничен му издавала тајни од предмети на ДКСК.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов случај на врсничко насилство, три девојчиња тепаат малолетничка во Куманово

Kristina Kuzmanovski

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

СДСМ не ја прифати поканата на Левица за состанок за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе