Документарни

СВЕШТЕНИЧКИ, ЗАБРАНЕТА ВОКАЦИЈА – вторник, 12 август 2025 – 19:15

Од нивното тајно ракополагање на брод на Дунав во 2002 година, жените свештеници во Католичката црква му пркосат на Ватикан и ја разобличуваат неговата мизогинија. За првпат, тие успеваат да отворат дијалог со Ватикан, принудувајќи ги кардиналите – и самиот Папа – да заземат став за забранетата тема: ракополагањето на жени.
Го следиме патот на три посветени жени во нивната мисија да ја променат доктрината. Жаклин Штрауб, швајцарска теологинка која чувствува вистински повик да биде свештеничка, веќе петнаесет години постојано им пишува на различни папи, молејќи за родова еднаквост во Црквата и дозвола да биде ракоположена. Кристина Мореира, француско-шпанска бунтовничка, беше тајно ракоположена во катакомби, следејќи ги чекорите на “тајните ракополагања” на Дунав, кои од 2002 година досега доведоа до појава на над 300 жени свештеници низ целиот свет. Иако е екскомуницирана, таа продолжува да ја врши својата свештеничка служба во својата заедница во Шпанија. Во меѓувреме, преку Атлантикот, Мајра Браун – афроамериканска свештеничка – раководи со парохија од 1.500 верници, пркосејќи на забраните со непоколеблива вера.
Заедно, овие жени започнуваат истрага во срцето на Ватикан – последната тврдина на институционалната мизогинија – предизвикувајќи вековни традиции, преиспитувајќи ги светите текстови и уривајќи ги теолошките, политичките и културните аргументи зад оваа неправедна забрана. За нив, прашањето за женското свештенство е првиот чекор кон пошироки промени во Црквата: отворање на свештенството кон бракот, борба против родова дискриминација и прифаќање на хомосексуални заедници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СВЕТОТ НА ПЕТ ЅВЕЗДИЧКИ – сабота, 06 јуни 2026 – 17:20

Дејан Дејан

СИНОТО ЗЛАТО НА АЛПИТЕ: РЕСУРС ПОД ЗАКАНА – недела, 31 мај 2026 – 17:05

Дејан Дејан

МИКРОБИТЕ – НАШИТЕ НЕВИДЛИВИ ХЕРОИ – четврток, 28 мај 2026 – 20:20

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе