Вести Македонија Најважни

По скандирањата за „Голема Албанија“ и „Илирида“ за време на Шкендија-Карабах, МВР презема мерки, Гаши вели ако се случило го осудува

Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа Илирида“ и Голема Албанија“, како што објави МИА.  Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање,  имаа националистичките извикувања. 

Натпреварот на трибините на Арената „Тодор Проевески“ го следеа влaдини фунционери, вице премиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за Економија Дурмиши, но и опозиционерите Ахмети и Таравари.

Телма побара став од претседателот  на Собранието Африм Гаши кој ги осуди навивачите на Куманово  и повика на единство  на кошаркарскиот натпревар со Романија. Како сега ги коментира скадирањата на навивачите на Шкендија  „Илирида“ , тој кажа дека додека бил на натпреварот не слушнал такво нешто, но ако се случило го осудува.

Од друга страна пак тој на својот фејсбук статус пишува дека им честита на навивачите кои според него биле достоинствен пример за националните вредности.

-Им честитам на навивачите кои беа подеднакво достоинствени примери за нашите национални вредности, внатре и надвор од стадионот. Со доверба и оптимизам го очекуваме резултатот од реваншот, убедени дека Спарк ќе се бори до крај, пишува во својот статус Гаши.

Од МВР кои претходно највија дека ќе ги санкциониреаат евентуланите националистички испади за Телма денеска информираат дека СВР Скопје врз основа на снимениот и документиран материјал презема мерки во координација со надлежен јавен обвинител.

Ова не е прв испад на навивачите на Шкендија. Тие пред неколку месеци за време на едноминутниот молк на натпреварот против Брера, а во чест на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани, упатуваа свирежи и скандираа за УЧК. Шкендија вчера го загуби натпреварот од Карабах со 1:0.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sportski.mk (@sportski.mk)


фото МИА

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе