Балкан Вести

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дел од надстрешница се урна на улицата „Кнез Михајлова“,  главната пешачка улица во центарот на Белград. Како што јавува Н1, натстрешницата се урнала пред влез на позната парфимерија, најверојатно во текот на ноќта бидејќи, според изјавата на вработената во парфимеријата, сè било во ред во текот на претходниот ден. Секретаријатот за инспекција, надзор и комуникација на Србија соопшти дека градските и републичките инспекциски служби го затвориле преминот под зградата на „Кнез Михаилова“ пред парфимеријата и дека екипа на белградското јавно претпријатие за одржување на улиците и патиштата ја отстранила паднатата натстрешница. Надлежните додаваат дека се работи за приватен објект и дека на сопственикот на објектот ќе му биде издадена инспекциска наредба во врска со потребната поправка на натстрешницата. Ова не е прв случај со уривање на надсрешница во Србија во 2024 година се урна надстрешницата на железничката во Нови Сад каде животот го загубија 16 луѓе, меѓу нив и македонски државјанин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Угостителите во Гостивар преминаа на пакувана вода, пластичен прибор и хартиени чаши – утврди Агенцијата за храна и ветеринарство

Дејан Дејан

Им попречил пат, се заканувал и со нож им исекол гума од автомобилот – постапка против работник кој нападнал газди заради неисплатени дневници

Sasko Dimovski

Откако се скарале, татко без дозвола ѝ го зел 10-месечното бебе на сопругата во Гостивар и го однел во Швајцарија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе