Министерот за европски прашања Орхан Муртезани оствари тет-а-тет средба со министерката за европски прашања на Данска, Мари Бјере, во пресрет на данското претседателство со Советот на ЕУ.
Во фокусот беа проширувањето на Унијата, Планот за раст, реформската агенда на Македонија и зајакнување на билатералната соработка. Соговорниците ја поздравија одлуката Скопје да биде домаќин на претстојниот Самит на лидерите од Западен Балкан.
„Сакам искрено да кажам дека моментот е тука и ве молам да го зграпчите овој момент. Сега со нашето претстојно претседателство со Советот на Унијата ќе ви кажам дека ние не можеме самостојно ова да го туркаме, ние сме тука конструктивно да работиме со вас со Северна Македонија за да можеме заеднички да ги видиме каде се и каде можеме да напреднеме во кои делови за да го оствариме напредокот. Се гледа дека Северна Македонија има остварен голем напредок меѓутоа мора да се направат некои измени затоа што сметаме дека можеме да ви помогнеме во оние делови коишто се очекува наша помош“ изјави министерката за европски прашања на Данска, Мари Бјере.
„Трите патокази веќе се испратени во Комисијата и се финализираат на дневна основа преку онлајн состаноци. Се надевам дека скоро сите три патокази ќе бидат завршени, а со тоа технички Северна Македонија ќе биде спремна за отварање на кластерот Фундаменталс. Што се однесува до акцискиот план тоа што можам да споделам е дека испратен е во Советот на Европа којшто треба да биде разгледан од страна на експерти. Се чека скоро да добиеме одговор за нивни коментари по што ќе треба да следи соодветна процедура за усвојување и формално испраќање до комисијата” изјави Орхан Муртезани, министерот за европски прашања.
