Вести Македонија Најважни

Заврши истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“- 46 осомничени ќе одговарааат за  „Тешки дела против општата сигурност“

Кочанското обвинителство ја заврши истрагата во врска со пожарот во „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за  Тешки дела против општата сигурност. Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена  одлука за кого ке има обвинение, информираа од обвинителтвото.

Истрагата ја водеше тим од 13 обвинители собирале докази, сослушале околу 400 сведоци и оштетени, извршиле рапсит и со осомничените. Во доказниот материјал има и повеке вештачења.

  • Обезбедени се детални обдукциски вештачења за причините за смрт на секој од починатите, како и за видот и карактерот на повредите кај повредените лица. Изготвени се градежно и хемиско вештачење, со кои се испитаа околностите во самиот објект, безбедносните стандарди, како и начинот на настанување и ширење на пожарот. Во однос на определен дел од документацијата за клубот се вршеше и графолошко вештачење.  Од бројни компјутери и мобилни телефони, се вршеше извлекување и анализа на податоци, кои се вкрстуваа со останатите информации добиени во текот на истрагата. Во однос на работата и функционирањето на клубот проверки по насока на јавен обвинител вршеше и Управата за финансиска полиција, стои во соопштението на обвинителството.

За сега нема најави кога ќе заврши истрагата што ја води обвинителството за гонење организиран криминал против 14 полициски службеници.  Истрагата во овој дел продолжува до испитување на сите факти и околности велат од обвинителството. Обвинителството се уште остава простор да има и други осомничени доколку на тоа укажат доказите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Измама со брзи кредити – две кумановки подигнале над 150.000 евра на име на нивни сограѓани

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Скендербег, Мисирков, Мајка Тереза се меѓу новите имиња на улици во Тетово

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе