Вести Македонија

ДКСК: Институциите со низок интегритет

Во насока на објективност и вреднување на постигнувањата, државната комисија за спречување на  корупцијата ја презентира ранг-листата на најуспешни и најслабо рангирани институции според степенот на имплементација на системот за интегритет.

Нас врвот е Државниот завод за ревизија со 82 отсто, од судовите предначи судот во Кавадарци со 65 отсто, а оценка „ниско“ и 20 отсто добил Граѓанскиот суд во Скопје.

Во истражувањето на антикорупционерите, детектирани се главните пропусти како непостоење на интерни акти за судир на интереси – фалат кај половина од државните институции, толкав процент немаат регулатива за примање подароци и гостопримства. Отсуство на обука за интегритет и ниска сертификација на ИСО стандарди.

ДКСК до сите институции испратила насоки за прецизирање на методологијата, потреба од унапредување на техничката платформа, и што поголем број потписници за политиките на интегритет. На крај комисијата со порака за институциите дека продолжи со поглема контрола затоа што интегритетот не е административна одредба толку цивилизациски стандард, стои во заклучоците на извештајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе