Рис, црвен лав или нешто сосема друго?
Партиите веќе почнаа да нудат идеи за главниот симбол на државниот грб, откако премиерот откри дека со коалиционите партнери го отвориле прашањето за промена. И сите до еден имаат предлози, црвен лав на жолта основа, жолт лав на црвена основа, рис, Сонце со 8 краци, со 16 краци, некои се за Сонце со 12 краци…
Граѓаните, никој не ги прашува. Изненадени и загрижени со право се прашуваат:
Дали некој размислува дека повторно треба да се менуваат лични карти, пасоши, возачки дозволи, изводи…?
Ни треба ли нов грб на државата?
Анкета: Кој ќе плати за промена на грбот на документите?
а) Владата со парите на граѓаните или
б) Граѓаните сами ќе си платат
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.