Вести Најважни Свет

САД сакаат доминација во преговорите за Украина – ЕУ во понеделник со самит на кој ќе учествуваат само европските лидери

Светските лидери денеска го заокружуваат последниот ден од минхенската безбедносна конференција. Испратените илјадници пораки за гарантирање на глобалниот мир и ставање крај на крвопролевањата во Украина покажаа сликата за разединетост на Западот во однос на заеднички одговор кој ќе изврши притисок врз Путин да ја запре крвавата војната.

Американските претставници по се изгледа дојдоа да и кажат на Европа дека ќе биде исклучена од процесот како неспособна да го реши проблемот и дека тие ќе седнат со Путин на маса да делат правда и да му кажат на рускиот претседател доста е.

Во својата последна изјава американскиот претставник за Украина и Русија, генералот Кит Келог порача дека во насока на обезбедување на траен мир САД ќе бараа и од Москва да отстапи територии. Посочи и дека американците имаат за цел да го ослабнат сојузот на Москва со Пекинг и Пјонгјанг.

Токму сега, она што ќе го направиме е да се обидеме да го прекинеме овој сојуз што тој моментално го има. Тој има сојуз со Северна Кореја што не беше тука порано. Тој има сојуз со Иран што го немаше претходно. Тој има сојуз со Кина што не беше овде порано, односно пред четири години, порача Кит Келог американски претставник за Украина и Русија.

Американскиот сенатор Линдзи Греам повтори дека неопходно е членките на НАТО да го зголемат буџетот за одбрана, а тоа како што посочи ќе биде предупредувачки знак за Кси дека идеите за припојување на Тајван со Кина нема да бидат прифатени. Дополнително истакна дека клучот за американската поддршка за Украина ќе биде договорот за минерали, нешто што може да се продаде како придобивка, а не како товар за САД.

Овој договор за минерали меѓу Соединетите Држави и Украина ја менува играта бидејќи претседателот Трамп може да се обрати до американскиот народ да каже дека Украина не е товар, туку е придобивка, вели американскиот сенатор Линдзи Грахам.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, оцени дека постои „апсолутна посветеност на САД, кон НАТО пактот. Но, нагласи дека Украина мора да биде на „најдоброто можно место“ за време на мировните преговори.

Тоа значи продолжување на обуката во Украина, продолжување на целокупното снабдување со оружје во Украина, но исто така исходот од мировните разговори треба да биде дека Украина е земја која никогаш повеќе нема да биде предизвикана од Русите, од Владимир Путин, истакна генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Финскиот претседател повика на повторно вооружување на Украина и ја повика меѓународната заедница да изврши „максимален притисок врз Русија“ преку санкции и замрзнување на имот во пресрет на можните преговори.

Јапонскиот министер за надворешни работи пак повика на „праведен и траен мир“.

Ова е моментот кога треба повторно да ја вооружиме Украина и да извршиме максимален притисок врз Русија, што значи санкции, што значи замрзнати средства, за Украина да ги започне овие преговори од позиција на сила, порача претседателот на Финска, Александар Стуб.

 

Треба да воспоставиме праведен и траен мир во Украина. Крај во кој Русија не смее да стане победник. Загрижен сум дека тоа ќе има влијание врз Азија и безбедноста на светот, порача министерот за надворешни работи на Јапонија, Такеши Иваја.

И додека американците однадвор се обидуваат сами да ја обликува судбината на Украина, Европската унија за понеделник свика вонреден самит на кој ќе се сретнат само европските лидери како одговор на загриженоста дека САД ќе ги изолираат во процесот на соработка со Русија во однос на мировните преговори.

Александар Петрески

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе