Вести Македонија

Правда за Фросина и за сите жртви на сообраќајното дивеење – трет протестен марш

Пароли и извици – Правда за Фросина граѓаните денеска излегоа на третиот марш во Скопје.  Побараа одговорност од надлежните и казни за прекршителите.

Семејството на Фросина Кулакова и овој пат го предводеше протестиниот марш. Бараат од судските власти правда за сите жртви во сообраќајните несреќи.

На маршот поддршка дадоа и други семејства кои загубиле свои блиски за кои со години чекаат пресуди. Сплотени, со фотографиите на нивните деца река дека некои пресуди се донесе без нивно присуство, а некои од телевизија дознале дека нивниот случај бил веќе застарен.

Маршот започна од булеварот Партизански одреди, беше донесено свежи цвеќе и венец на местото каде беше прегразена Фросина.

Поворката од стотина луѓе продолжи до Владата преку Собранието и крајната цел- Апелациониот суд. Граѓаните ги вклучија светлата од нивните мобилни телефони, за како што рекоа, да ги осветлат заслепените институции.

Фросина Кулакова беше смртно прегазена на 29-ти јануари пред полноќ на пешачкиот премин на Партизанска додека Васил Јованов возел со голема брзина под дејство на алкохол, поминал на црвено и немал сообраќајна дозвола.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе