Вести Македонија

(ФОТО) Почна протестот за правда за Фросина

Голем број луѓе почнаа да се собираат пред Универзална сала за каде беше најавен почетокот на денешниот протест на кој роднините и пријателите, но и граѓаните бараат правда за Фросина Кулакова.

 

22 годишната студентка по мода беше прегазена од несовесен возач токму на пешачкиот премин каде прописно ја преминуваше улицата на зелено светло.

Дваесет годишниот возач, кој во моментов е во притвор во Шутка, со огромна брзина и под дејство на алкохол удри директно во Кулакова која почина од здобиените повреди.

Повикот за денешниот протест вчера го упати нејзината сестра Росица.

Семејството ја повикува Владата да продолжи со поддршката и да ги сослуша барањата што ќе произлезат на протестите, а пратениците активно да се вклучат во промената на законите.

На денешниот протест ќе се протестира и пред Влада, Собрание и пред Апелација.

Присутните на денешниот протест преку транспаренти и со гласни извици бараат правдата да излезе на виделина.

Револтот во јавноста особено се разгоре откако се дозна дека Јованов и претходно имал сообраќајни прекршоци за кои до несреќата не сносил одговорност.

Дополнително по несреќата се дозна и дека за него имало и кривична пријава за поседување дрога, но во овој случај судијата пресудил тој да биде упатен во поправен дом во Тетово.

Оваа мерка до прегазувањето на Фросина сѐ уште ја немал почнато да ја отслужува.

Сестрата Росица со повик за утрешниот протест за правда за Фросина

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кумановци стравуваат од кражби, МВР вели се повеќе случаи се решаваат

Kristina Kuzmanovski

Турција прави мрежа од специјализирани клиники за одвикнување на младите од пушење

Sasko Dimovski

Магнитуда од 7,3 степени на длабочина од 10 километри – силен земјотрес го погоди Мексико, издадено предупредување за цунами

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе