Емисии Не пропуштајте

Наскоро НОВО Кулинарско шоу на ТВ Телма- Како да се пријавите за учество во „180 степени“

Наскоро на ТВ Телма ќе почне да се емитува ново кулинарско шоу во кое може да учествувате и Вие. Во „180 степени“ може да се пријават сите кои ги исполнуваат условите за учество и се пријават.

Право на пријава имаат само полнолетни лица со наполнети 18 години на денот на пријавата. Пријавата бара потврда на идентитет и исполнување на условите за учество во готвачкото шоу на територија на  Република Македонија. Доколку бидете избрани за учество во емисијата, мора да бидете во можност да ги прилагодите вашите секојдневни обврски за определен временски период за време на снимањето на емисијата.

Доколку сте професионален готвач, немате право на пријава. Во моментот не смеете да работите како професионален готвач и никогаш не сте работеле како професионален готвач. Доколку во минатото сте оствариле приход како готвач, со подготовки и готвење во професионална средина (ресторан, хотел, менза, кетеринг итн.), ТЕЛМА ТВ го задржува правото, по своја дискреција, да процени дали вашите вештини, обука и искуство се на ниво кое е преквалификувано и не е соодветно за учество во емисијата. За успешно учество следуваат награди.

Пријавата е на линкот или може да кликнете на документот.

ПРИЈАВА ЗА КУЛИНАРСКО ШОУ НА ТВ ТЕЛМА

Пополнетата пријава за „180 степени“ испратете ја на мејл-адресата [email protected]

Пријавата се состои од прашања на кои треба да се пратат следните одговори.

Одговорете на сите прашања искрено и најдобро што можете.

  1. Име и Презиме
  2. Е-пошта
  3. Место на живеење
    4. Држава / Град
  4. Број на мобилен телефон
  5. Дополнителен контакт телефон
  6. Датум и место на раѓање
  7. Државјанство
  8. Јазик
  9. Пол
  • Женски
  • Машки
  1. Брачна состојба
  2. Дали имате деца?
  • Да
  • Не
  • Очекувам
  1. Ваша веб-страница (доколку ја поседувате), внесете ја овде:
  2. Вашата FB страница (линк):
  3. Twitter (линк):
  4. Instagram (линк):
  5. TikTok (линк):
  6. Во која индустрија работите, која е вашата професија?
  7. Позицијата на која работите:
  8. Дали сте професионален готвач?
  • Да
  • Не
  1. Дали сте имале искуство во готвење во професионална кујна
  2. Како би ги рангирале вашите вештини во угостителството?
  • Просечно
  • Над просекот
  • Многу вешто (како професионалец)
  1. Дали сте посетувале училиште или курс за готвач?
  • Да
  • Не
  1. Ако одговоривте „да“, наведете:
  • Завршено средно кулинарско училиште
  • Незавршено кулинарско училиште
  • Завршен курс за готвач/готвење
  1. Кој тип на кујна најдобро го опишува вашиот стил на готвење?
  2. Зошто се пријавивте за килинарско шоу?
  3. Опишете се во неколку зборува:
  4. Ако би дошле кај вас на гости, што би ни подготвиле?
  5. Дали некогаш сте се пријавиле за некое кулинарско шоу?
  • Да
  • Не
  1. Ако одговоривте „да“ на претходното прашање, наведете:
  • Името на емисија, ТВ Станица
  1. Доставете ваша целосна фотографија:

Пополнетата пријава за „180 степени“ испратете ја на мејл-адресата [email protected]

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема 18.03.2025

Дејан Дејан

Топ Тема – Тагата и сочувството прераснуваат во гнев и огорченост 17.03.2025

Дејан Дејан

Топ Тема – Кому би одело во прилог насилен епилог на протестите во Србија 14.03.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе