Вести Македонија Најважни

Ограничување на маржите на 10 отсто до 30 април – предлог мерка на владата која треба да ја донесе министерството за економија

Ограничување на маржата на 10 проценти во трговија на мало и 10 проценти во трговија на големо на основните прехранбени производи, е предлог мерка со која владата го задолжи министерството за економија и труд да ја донесе.

„Мерката да се однесува на истите 73 групи на производи кои беа дел од претходните кошнички, но истата да се дополни со средства за хигиена, како што се детергентите и плус да се дополни со бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а истите се дел од основните потреби на граѓаните. Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи“, истакна Марија Митева, портпаролка на владата, на прес-конференција попладнево.

Мерката, според Митева, е предвидена да почне од денот на донесување, што се очекува да биде многу скоро, можеби уште денеска, и да трае заклучно со 30 април во 2025 година.

Владата, продолжи Митева, им препорачува на сите маркети да започнат процедура за транспарентно објавување на цените на сите производи и нивно редовно ажурирање на дневна основа.

„Целта на оваа препорака е да придонесеме за поголема транспарентност, од каде граѓаните ќе може сами да одлучат во кој од маркетите ќе пазарат, да ја видат разликата во цените. Цениме дека ваквиот пристап, кој има карактер на препорака, а не на ограничување, ќе придонесе кон некое усогласување на самите цени на производите“, изјави Митева.

Владата го задолжи министерството за економија и труд да организира итен работен состанок со сите надлежни институции, како што се државниот Пазарен инспекторат, министерствата за финансии и земјоделие, КЗК и други на кој ќе можат да се разгледуваат и други мерки кои што ќе имаат долгорочно решавање на состојбата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кризната состојба за нафта и нафтени деривати се продолжува до 20 октомври, одлучи Владата

Дејан Дејан

На кејот на Вардар поставен кондом висок над два метри со цел подигање на свеста за заштита на личните податоци

Tea Dimkovska

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе