Најголем дел од граѓаните изразуваат огромна безусловна поддршка за протестите за Фросина Кулакова која загина на пешачки премин на зелено, покажува изјаснувањето на следбениците на инстаграм профилот на Телма во анкета спроведена на поечток на неделата. Најголема одговорност за трагедијата гледаат во родителите на возачот Васил и општеството кое не се грижи за превентивно-воспитно справување со сообраќајните насилници кои предизвикуваат жртви
На инстаграм профилот на Телма, секоја недела преку објави на Story правиме мини истражувања за актуелни теми и го мериме пулсот на граѓаните. На анкетните прашања одговараат следбениците (followers) на инстаграм профилот на Телма, како и сите оние кои го посетуваат профилот. Напоменуваме дека не станува збор за репрезентативна анкета туку за интерно истражување од заинтересираните следбеници на IG профилот.
На првото прашање „Кој е виновен за смртта на Фросина (Кулакова)?, најмногу гласови 295 или речиси две третини доби понудениот „родителите на возачот и општеството“. И судот како најголем носител на одговорност во случајот има голем удел во одговорите односно над 23%. Обвинителството и полицијата се избрани како главни одговорни во помалку случаи.
- Виновен за смртта на Фросина е:
- Судот 106 (23%)
- Обвинителството 34 (7%)
- Полицијата 30 (6%)
- Родителите на возачот и општеството 295 гласови (64%)
- Вкупно 465 гласови
Оние што гласале во анкетата на IG профилот на Телма масовно ги поддржуваат протестите, 57% од нив даваат безусловна поддршка, 20% бараат на протестите да се удри врз корупцијата и неказнивоста, а уште 17% наведуваат да се внимава да не се исполитизираат. Само 33-ца сметаат дека треба да се бара друго решение.
- Дали ги поддржувате протестите?
- Да 282 гласа (57%)
- Секако, но да се удри врз корупција и неказнивост 97 (20%)
- Да, да се внимава да не се политизираат 82 (17%)
- Не, мора друго решение 33 (6%)
- Вкупно 494 гласови
Најразновидни одговори доаѓаат на прашањето „Што треба да се преземе?“. Целосно расветлување бараат 66-мина, казна за сите одговорни 223 (47%), најстрога казна за возачот 61, а промени во судството, полицијата и обвинителството доби 124 гласа (26%)
- Што треба да се преземе?
- Целосно расветлување 66 (14%)
- Казна за сите одговорни во системот 223 гласа (47%)
- Најстрога казна за возачот 61 глас (13%)
- Промени во судство/обвинителство/МВР 124 гласа (26%)
- Вкупно 474 гласови
Многумина за сообраќајниот хаос и жртви гледаат во системот со камери сејфсити, но тој нема да почне да функционира до наредната година, најави и премиерот Мицкоски. На прашањето „ Дали Сејфсити може да помогне за помалку жртви?“, 54% од следбениците на IG профилот на Телма одговориле дека така возачите ќе бидат повнимателни.
Дека сејфсити не е решение само по себе туку треба да има и „надзор врз опасни возачи“ сметаат 102-ца (24%). Интересно е дека 31 одговориле дека иако треба да се почне, тоа нема да биде популарно поради изборите кои се наесен.
- Дали Сејфсити може да помогне за помалку жртви?
- Да, возачите ќе бидат повнимателни 223 (54%)
- Да, ама ќе се удри само на казни 56 (14%)
- Треба да се почне, но не е популарно пради избори 31 (8%)
- Не, треба и надзор врз опасни возачи 102 (24%)
- Вкупно 412 гласови
Напоменуваме дека не станува збор за репрезентативна анкета туку за интерно истражување од заинтересираните следбеници и посетители на Instagram профилот на ТВ Телма. Анкетата беше спроведена во рок од 24 часа меѓу недела (02.02.2025.) и понеделник (03.02.2025.).