Вести Македонија Најважни

НАЈНОВА ВЕСТ: Се врши претрес во домот на екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски кој е осомничен за поткуп

Отворена е истрага против Пеце Мирчески со која се опфатени негови финансиски активности од периодот кога беше директор на владината Служба за општи и заеднички работи-СОЗР, потврдија за Телма, лица вклучени во истрагата.

Од обвинителството кратко одговорија дека се преземаат активности:

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија.

Се вршат претреси во домот на Мирчевски, а надлежните не соопштуваат дали е приведен туку наведуваат дека тоа ќе зависи од резултатите на претресот.

Пеце Мирчески е поранешен директор на СОЗР и ја извршуваше функцијата од 2017-та до промената на власта лани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Земјотрес Мексико: Се нишаат згради и рафтови во продавници, жителите во страв ги напуштаат домовите

Kristina Kuzmanovski

Регистрирани 12 пожари во Македонија, активен е само еден

Kristina Kuzmanovski

Жител на Курбиново заврши на интензивно лекување по напад од мечкa

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе