Вести Магазин

И пингвините кои се сметаат за симбол на „вечната љубов“ понекогаш се „неверни“

Пингвините обично се сметаат за „моногамни“ суштества, поради што и важат за „симбол на вечната љубов“. Се чини, тоа е уште една заблуда и илузија на природата.

Научниците од Универзитетот „Монаш“ во Мелбурн, Австралија ги набљудувале малите пингвини на австралискиот остров Филип, коишто од година во година, сепак, често и ги наоѓаат истите партнери. Но, стручњаците забележале дека дури и овде, „стапката на разделби“ може да достигне и 50 отсто во една година. Целата колонија на островот брои повеќе од 37.000 мали пингвини, одбраниот примерок е добар показател за тоа што се случува во пошироки размери, според екофизиологот Ричард Рејна од „Монаш“ – еден од набљудувачите, кој веќе 20 години ја проучува колонијата пингвини.

Истражувачите броеле „разводи“ меѓу пингвините кога означен пингвин од минатогодишната сезона на парење – следната година се појавил со нов партнер.

– При добра година – во поглед на размножувањето, тие често остануваат со своите партнери, иако нешто се случува и „надвор од врската“… Меѓутоа, во лошите сезони тие може да се обидат да најдат нов партнер за следната сезона за да ги зголемат шансите за успешно парење, појасни Рејна.

Во 12 сезони на размножување – меѓу 2000 и 2013 година, имено, научниците изброиле 250 „разводи“ во колонијата, меѓу речиси 1.000 спарени пингвини. Одлуката на пингвинот да замине или остане – често зависи од тоа дали тој пар има младенчиња.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе