Вести Македонија Топ вести

Фалсификувале документи дека имаат резервоари за да добијат лиценца за трговија со гориво

Rezervoari, nafta

Службеник од Бирото за метрологија, двајца директори и две фирми заработија кривични пријави за фалсификување службени исправи и нивна употреба. Финансиската полиција ги сомничи дека фалсификувале документи дека поседуваат резервоари за гориво за да може да ја продолжат лиценцата за трговија со нафтени деривати на големо.

Според кривичната пријава, директорот на Тритерол петрол од Скопје Зоранчо Ангелов, во декември 2022 година, изготвил лажни документи за наводна набавка на резервоари за нафтени деривати. Потоа, преку друга фирма ги доставил до Бирото за метрологија заради верификација. Службеникот од Бирото изготвил табели за зафатнина на резервоарите со невистинити податоци, со што ѝ овозможил на фирмата Тритерол петрол да докаже дека го зголемила капацитетот на складот за нафтени деривати за да може да ја продолжи лиценцата за трговија со нафтени деривати на големо.

„Со вака преземените дејствија пријавените ги сториле кривичните дела Фалсификување или уништување деловни книги, Употреба на исправа со невистинита содржина, Фалсификување службена исправа и Помагање“, соопшти Финансиската полиција.

Фирмата Тритерол петрол е во сопственост на Љупчо Пецов Ѓаволот, кој е во бегство. Осомничен е дека е еден од организаторите на злосторничкото здружение за даночно затајување во случајот Синџир. Неговата фирма Тритерол петрол и директорот Зоранчо Ангелов во изминатата година заработија уште две кривични пријави – една за затајување данок, а другата зашто испорачувал помалку нафта за греење од што фактурирале во градинките и во училиштата во Штип.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе