Сотир Лукровски од вчера соопшти дека повторно е градоначалник на Општина Карпош. По речиси два месеци отсуство, се врати на функцијата. Според сите информации што излегоа во јавноста, Лукровски сакаше да поднесе оставка. Сакаше да си замине. Но, организираната криминална група ВМРО и нејзиниот шеф Христијан Мицкоски не му дозволија – се вели во соопштението испратено до медиуми од опозициската СДСМ.
- Партијата вложи огромни напори и пари за да го освои Карпош, па сега не може да си дозволи да го изгуби преку предвремени локални избори. Затоа Лукровски „заврши со боледувањето“ и се врати да ја врши функцијата. Не затоа што сака, туку затоа што му е наложено. Ова е уште еден доказ за тоа како функционира системот на Мицкоски. Луѓето се ставаат на функции не за да работат, туку за да ги штитат партиските интереси. А кога некој ќе се обиде да си замине, бидејќи не може или не сака да ја врши функцијата, му се закануваат и го принудуваат да остане, велат од СДСМ.
Од партијата сметаат дека лукровски прифати да остане и да одговара за Мицкоски и ВМРО-ОКГ, да седи на функција која не ја сака, затоа што знае дека секој нов потпис може да значи само плус година во „Идризово“.
