Вести Магазин Свет Топ вести

Генерацијата З не знае или не сака да замени сијалица, некои викаат мајстори за закачување на слики на ѕид – истражување во В. Британија

Најголем дел од генерацијата З не сака или не знае да направи наједноставни домашни работи, како менување на сијалица, покажа истражување на компанијата „Халфордс“ од Велика Британија, чија дејност е продажба на велосипеди и автомобили.

„Способноста за правење на основни, практични работи се губи меѓу младите генерации“, предупреди Енди Турбифилд од „Халфордс“.

Истражувањето, исто така, ја покажува волјата на младите попрво да платат некого да го сработи тоа наместо нив. Генерацијата З, според истражувањето, во просек троши 1.500 евра годишно за ангажирање на мајстори за работи кои би можеле и самите да ги направат.

Со анкетата се опфатени околу 2.000 луѓе од сите возрасни групи, а речиси 25 отсто од припадници  на генерација З рекле дека не знаат да заменат ниту сијалица, додека многумина го сметаат качувањето по скали за „преопасно“. Еден од пет испитаници, исто така, стравува дека сијалицата би можела да биде „прежешка“.

Најголем дел од припадниците на генерација З одговориле дека не знаат да го исперат нивниот автомобил и оти родителите го прават тоа за нив. Меѓу работите кои рекле дека не ги знаат се и пумпање на автомобилски гуми, како и замена на брисачи на ветробранско стакло. Еден од 10 припадници на генерација З вели дека мора да повика човек за закачување на уметничка слика на ѕид.

По загрижувачките резултати се огласи и американскиот психолог Јамалис Диаз. Таа објасни дека епилогот на истражувањето е последица на дигиталното доба.

„Тие, едноставно, не мораа да направат ништо сами и за себе. Голем дел од нивниот живот е автоматизиан и практичен, што денешните генерации на млади луѓе го искористија многу повеќе од минатите генерации. Затоа, целосно е разбирливо дека генерацијата З едноставно не знае да направи многу работи во врска со нетехнолошки и независни задачи“, објаси Диаз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Концертот на Пласидо Доминго ја позиционира Македонија на светската културна сцена

Дејан Дејан

САД донираа ново мобилно опертивно возило за Црвен крст за справување со кризи

Дејан Дејан

Комората на трговци незадоволна од скалестата маржа, бара нова средба со Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе