Спорт Фудбал

Вардар почна со подготовки, Комити го блокираа тренинг-кампот

Недоразбирањата во фудбалскиот клуб Вардар на релација управа и навивачи ќе продолжи и во новата година. Тимот денеска ги почна зимските подготовки во својот тренинг-центар во Хиподром, но на навивачите и членовите на маркетинг тимот им беше забранет влез во истиот.

„Црвено-црните“ на чело со тренерот Гоце Седлоски стартуваа со тренинзи за вториот дел од сезоната, но атмосферата околу клубот очигледно нема да се подобри. Членовите на навивачката група Комити, кои се дел од маркетинг тимот на Вардар денеска добиле забрана за влез во тренинг-центарот од извршниот директор на клубот Миленко Неделковски.

Навивачите веднаш го блокираа влезот и излезот од тренинг-центарот и побараа од управата на клубот да го почитува договорот помеѓу здружението „35 години Вардарци“ и новиот сопственик Атила Бижен Жалили.

Комити преку здружението „35 години Вардарци“ задржаа 15 отсто од акциите на клубот откако тој премина во рацете на новиот газда. Изминатата полусезона постојано имаше недоразбирања помеѓу навивачите и извршниот директор на клубот Миленко Неделковски, а двете страни очигледно се далеку од примирје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија со победа стартуваше на Европското првенство У-20 Б-дивизија

Sportska Redakcija

Ѓоковиќ немоќен пред Синер: Италијанецот против Зверев во финалето на Вимблдон

Sportska Redakcija

Мбапе и Дембеле го скршија Мароко, Франција моќно до полуфиналето на СП

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе