Вести Македонија Топ вести

Полицијата по втор пат го демантира заменик директорот на Македонија пат

Заменик директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго, нема дозвола за поседување на оружје, затоа што му била одземена пред 7 години поради сторен прекршок, потврдија од МВР за Телма. Ако фотографијата е направена во декември, како што изјави Дранго, кога тој позира со усмртена мечка, за оружјето кое го носи на рамо нема дозвола.

На лицето Сашо Дранго во евиденциите на Отсекот за оружје при СВР Битола стои дека дозволата за поседување на оружје на споменатото лице била одземена во 2018 година за сторен прекршок, соопштија од МВР.

Полицијата по вторпат го демантира заменик директорот на Македонија пат, откако здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ пред два дена ја објави фотографијата на Дранго со мртва мечка, која ја придржува со кабел околу вратот, а тој е во ловџиска униформа и вооружен со снајперска пушка.

Тврдеше дека мечката е усмртена во сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен, кај Ротино, а тој како вработен во „Македонија пат“ учествувал во отстранувањето на животното од коловозот, по што се фотографилрал, без да објасни зошто е во ловџиско одело и вооружен.

Но, од битолската полиција негираат дека е регистриран таков настан, односно минатиот месец не се случила сообраќајна несреќа во која настрадала мечка.

Од „Анима Мунди“ се сомневаат во веродостојноста на изјавата на Дранго.

Има процедура која е различна од онаа што ја кажува г. Дрангот. Треба да дојде МВР,  Агенција за храна и ветерина итн. Вработените во Македонија пат сигурно не одат во ловечка униформа, со пушка со дурбин за да отстрануваат мечки и сигурно не ги носат  во планина за да се сликаат како да се ловен трофеј, вели Столе Велковски од „Анима Мунди“. 

Според македонското законодавство за мечката има трајна забрана за лов, а за отстрел на мечка предвидена е парична, но и затворска казна до три години за ловењето на дивеч под заштита.

Од „Анима мунди“ прашуваат дали Дранго е недопирлив за правдата само затоа што е политичар и функционер.

Најавија кривична пријава против него и побараа негово разрешување од функцијата. Од Основното јавно обвинителство во Битола соопштија дека веќе е оформен предмет по допрен глас, а настанот во целост ќе се проверува.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Вечерва извршен одбор во СДСМ-ќе успее ли раководството да се консолидира или ќе се потврдат внатрешните разлики?

Kristina Kuzmanovski

Од 15 ти месецов нови промени на македонските патишта

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе