Вести Македонија Топ вести

Уапсен е Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, кој е еден од осомничените во денешната акција на МВР и Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијата е уапсен.

Како што дознава Телма, Стефанов бил надвор од земјата и се вратил откако дознал дека се бара во кривична постапка.

Точниот број на приведени во денешната акција засега останува непознат.

Недостапен за полицијата сѐ уште е и Васко Ковачевски, исто така поранешен директор на ЕСМ.

Покрај Ковачевски и Стефанов, осомничени се и екс директорите на РЕК Битола Пеце Матевски и на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, како и членови на неговото потесно семејство за проневера на 6,5 милиони евра од тендери.

Меѓу осомничените е и велешанката Маја Јорданова, чија фирма „Браинкоде“ ги доби трите тендери од ЕСМ за набавка на адитиви од Италија кои изнесуваат колку и оштетената сума.  За истиот тендер се гони и Данчо Стојановски, кој бил директор за комерцијални работи во ЕСМ, кој се смета за организатор на набавка на адитивите и е роднина на Јорданова. Осомничен е и Пецо Стојановски, кој го носи истото презиме.

Инаку на тапет на обвинителството се за перење пари се и други семејни зделки поврзани со Стојановиќ.

„Хем – алијанс“семејната компанија на Стојановиќ  чиј сопственик е неговиот татко Мирко, а директор неговата сопруга Милица. Фирмата во 2022 година доби тендер вреден 630.000 евра за набавка на хемикалија за потребите на РЕК Битола. На листата на осомничени се и неговиот брат Ранко и Смиља Стојановиќ.

 

Двајца поранешни директори на ЕСМ се надвор од Македонија – се бараат за проневера за 6,5 милиони евра за тендери во РЕК Битола

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе