Вести Македонија Најважни

ЈСП успеа да купи нафта од Пуцко Петрол, но само во интервентна набавка

По многу мака, конечно една набавка на еуродизел за ЈСП успеа. Околу пладне во ЈСП било одлучено да се реализира интервентна итна набавка на нафта во вредност од 120 милиони денари односно речиси два милиони евра. Сумата е без ДДВ.

Имало само еден понудувач, Пуцко Петрол кој бил избран во оваа набавка во четири очи без претходно објавен тендер. Оваа итна постапка беше одобрена од Бирото за јавни набавки по налог на владата кога јавниот превоз во Скопје целосно застана.

Интервентната набавка ќе се спроведува до склучување на редовен договор преку тендер. Но, токму тој денеска бил поништен.

Телма од свои извори неофицијално дознава дека истиот е поништен од страна на комисија на претпријатието. Причина е тоа што на јавниот повик се пријавил еден понудувач со некомплетна документација, односно без да приложи банкарска гаранција од најмалку 3%.

Ова не е прв неуспешен тендер за ЈСП. На претходниот тендер според информациите на Телма исто така се пријавил само еден економски оператор, но е одбиен поради некомплетна документација.

Проблемот со јавниот превоз „тлее“ подолго време, а кулминираше пред една недела кога ЈСП сообраќаше со триесетина автобуси.

Останатите беа паркирани во гаражите, поради недостиг на нафта. Проблемот привремено се надмина со Одлука на Влада, со која на Град Скопје му беше позајмено гориво од државните нафтени резерви.

Оваа опција не е исклучена и овојпат. Премиерот Мицкоски вели дека ќе мора повторно да се помогне, но и тоа не може да оди во недоглед.

„Се бараше од Бирото за јавни набавки да се даде позитивно мислење за условно кажано спогодба во четири очи односно непосредна спогодба. И тоа се случи, се овозможи“, кажа Христијан Мицкоски, претседател на Владата на РС. Македонија.

Во меѓувреме, додека автобусите ги трошат последните количини нафта од стоковите резерви, во тек е истрагата на Финансиската полиција за два тендера за набавка на гориво.

Од Владата велат дека во тек анализата на пазарот и со подготовка на тендерот за набавка на 100 до 120 електрични автобуси.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самоопределување со нова победа на изборите во Косово, но за влада ќе мора да бара коалиционен партнер

Дејан Дејан

КОД: Избегал во странство наместо во затвор, судење кое трае деценија, роднини кои не знаат како е спроведена правда за смрт на нивни блиски во сообраќајни несреќи на пешачки премин

Дејан Дејан

Тошковски најави нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на „црни точки“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе