Вести Македонија Топ вести

(ВИДЕО) Македонското државно знаме уништено на прославата на албанското знаме

Еден од присутните на прославата на денешниот ден на албанското знаме уништи и искина државно знаме на Македонија, а видеото од инцидентот е објавено на социјалната мрежа Икс.

Според објавата е снимена во близина на Бит-пазар за време на прославата на денешниот ден на албанското знаме.

По повод денот на албанското знаме, на плоштадот Скендербег беше организирана прослава, а иако не беше најавено беше блокирана делницата од булеварот под надвозникот на старата стоковна куќа Мост.

Сообраќајот беше блокиран и отежнат по што интервенираа полицајци за да обезбедат побрзо минување на заглавените автомобили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе