Вести Култура

Симон Трпчески: Чувствата работат интензивно пред вечерашниот роденденски концерт на Македонската филхармонија

Ова е инсерт од денешната генерална проба пред вечерашниот концерт, со кој Македонската филхармонија, под диригентство на Јерухам Шаровски од Израел, ќе ја круниса прославата на јубилејот – 80 години постоење.

Нашиот маестро на пијано, со исклучителна меѓународна репутација – Симон Трпчески, кој со овој оркестар за прв пат настапил на 15 години, а реализирал уште неколку заеднички концерти низ годините, вели дека чувствата работат интензивно пред вечерашниот настап , на кој ќе го изведе „Концертот за пијано и оркестар во а- мол“ од Едвард Григ.

Мило ми е што сум еве дел од нив. Секогаш кога се свири дома е посебно чувство. А, кога се има повод за особено еден ваков, сериозен и многу голем и убав јубилеј, секако дека чувствата работат со поголем интензитет. И мислам дека тоа се чувства кај сите колеги од оркестарот и им посакувам сѐ најдобро, рече Симон Трпчески, пијанист .

Покрај делото на Григ, за кое Трпчески вели дека бара концентрација при изведбата на деталите, на родендентскиот концерт на Филхармонијата, насловен „80 години- Љубов“, ќе биде изведена праизведбата на „Куклици“ од Ана Пандевска, со што продолжува традицијата на нашиот најголем симфониски оркестар за афирмација на домашното творештво. А, во завршиницата ќе биде изведена Симфонијата бр 1- „Титан “ , од Густав Малер.

Овој концерт е најважен во нашата сезона , наречена „ Одисеја“. Внимателно е одбрана програмата и Македонската филхармонија ќе блесне и ќе ги покаже своите уметнички и креативни квалитети, кажа Александар Котевски, в.д. директор на Македонската филхармонија.

Меѓу гостите на концертот, ќе бидат и директорите на Филхармонијата од Софија и на Симфонискиот оркестар од Солун, пред првиот заеднички настап со нашата Филхармонија, на 17. февруари идната година во салата НДК.

Пред концертот, во фоајето ќе може да се види изложбата на фотографии, од развојот и најважните мигови во опстојот на Македонската филхармонија. А, ќе натапи и хорот „ Мирче Ацев“, со три композиции од основоположниците на овој оркестар, Тодор Скаловски и Трајко Прокопиев.

Македонската филхармонија е формирана на 24 ноември 1944 година во домот на композиторот Тодор Скаловски. Првично се викала Државен симфониски оркестар. За 80 години постоење , одржала над 2.500 концерти, со учество на над 3500 уметници.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност

Дејан Дејан

Трагедија во импровизирана џамија во неготинското село Црвени брегови-пронајдени починати три лица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе