Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.
Прва сведочеше Маја Спировска, прва братучетка на Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања.
Таа пред судот објаснуваше како Гоце Трајковски кој водел паралелна истрага со Александар Ѓорчевски за пронаоѓање на девојчето за прв пат го спомнал Цитроенот со кој беше грабната.
– Во вторникот гледавме снимки и така констатиравме дека е земена од врата, бидејќи ја немаше на ниту една снимка.Сашко ги донесе снимките не знам од кај му беа.Подоцна дојде Гоце со него после излегуваа и наоѓаа снимки и ги гледаа.Во еден момент Гоце го откри возилото, среда или четврток беше. Мислам дека имаме некаква трага. Можно е да е поврзан Цитроенот, раскажа Спировска.
Таа во судницата истакна дека не го познава првообвинетиот Љупчо Палевски.
Од медиумите дознала дека станот на Наум Наумовски Борче е купен од негова фирма.
Според неа, немало проблеми при купопродажбата.
Втор сведочеше Ѓорѓи Џолев, сопругот на сопственичката на реното Кангу, кое според обвинението Љупчо Палевски Палчо го возел на денот на грабнувањето на Вања.
Тој пред судот кажа дека го известил првообвинетиот дека е повикан во полиција за возилото.
Да имав комуникација со Палевски.На телеграм. Дека сопругата моја е во полициска станица и јас сум повикан.Кажав зошто. Жена ми е повикана од крвни деликти, нешто со колата.Разговорите беа многу кратки, кога одев во полициска станица се слушнав со него. Џолев кој е претседател на Централниот комитет на Десна рече дека во претходното седиште на партијата во Кисела вода во просторијата каде спиел Палевски видел пиштол и претпоставувал дека е негов и знаел дека има дозвола за негово носење. За другите обвинети Велибор Манев и Влатко Кешишев рече дека имале поданички однос кон Палевски и дека му се умилкувале и никогаш не се расправале со него.
На листата на сведоци за денешното рочиште се уште 4 лица.
Палевски првично ја напушти земјава во Белград од каде заминал за Турција каде беше уапсен по меѓубародна потерница.