Вести Македонија Најважни

Ме следеа, ќе ме наместат, ме има на „Сејф сити“ – сведоци од „Десна“ со искази што им рекол Палевски

Ме следеа и ќе ме наместат. Нема да биде прв пат. Ме има на „Сејф сити“. Ова Љупчо Палевски Палчо му го кажал на адвокатот и член на „Десна“, Васко Стојков кој на 30 ноември го однел во Белград. Стојков со првообвинетиот за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски телефонски разговарал неколку пати. Палевски го инофрмирал Стојков и дека стигнал во Турција, кој по насоки на полицијата го прашал каде бил на 27 ноември, денот на грабнувањето на Вања.

Најпрвин му рекол дека не знае, но оти само бил сигурен дека бил во банка. На прашање дали движел низ Дебар маало, Палевски му рекол дека не се сеќава, но дека можеби утрината бил во кафуле таму, а можеби бил и во Глуво каде живее мајка му за да земе некои пари.

Претходно, Палевски му се жалел и дека го следи некој автомобил со регистрација од Велес. Инаку додека се возеле кон Белград, Палевски не спомнал кај кој доктор ќе оди, ни во која болница, а Стојков не го прашал, туку зборувале за партијата.

Прва сведочеше Маја Спировска, прва братучетка на Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања. Таа пред судот објаснуваше како Гоце Трајковски кој водел паралелна истрага со Александар Ѓорчевски за пронаоѓање на девојчето за првпат го споменал Цитроенот со кој беше грабната. Трајковски е тој што рекол дека Циторенот е сомнителен и дека можеби е поврзан со грабнувањето.

За пораката на Ѓорчевски во групата на родители во која тој напишал „Вратете ја Вања“ ќе ви дадам пари“, рече дека била информирана од еден родител и дека потоа не ја видела бидејќи била избришана.

Спировска рече дека не го познава првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо. Од медиумите дознала дека станот на „Наум Наумовски Борче“ е купен од фирма на Палевски. Според неа, немало проблеми при купродажбата.

Ѓорѓи Џолев, сопруг на сопственичката на Рено Кангу, кое според обвинението Палевски го возел на денот на грабнувањето на Вања пред судот кажа дека го известил првообвинетиот дека е повикан во полиција за возилото.

Џолев и уште еден сведок приврзаник на „Десна“ потврдија дека Палевски имал пиштол кој го виделе и во претходното седиште на „Десна“ во Кисела Вода и го виделе и како го носел.

За другите обвинети Велибор Манев и Влатко Кешишев рече дека имале поданички однос кон Палевски и дека му се умилкувале и никогаш не се расправале со него.

Судењето продолжува во петок, а меѓу сведоците е и Трајковски.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи секој

Sasko Dimovski

Рокас повика на постигнување на консензус за носење на клучните закони

Sasko Dimovski

Штипската болница привремено нема да прима пациенти со скршеници – невремето оштети дел од покривот на Ортопедија и операционалата сала

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе