Вести Македонија Најважни

Недолични пораки до новинар на Телма кој објави дека надвор од Закон, Верзиволи повторно бара функција – заканувачот се извини

Последна вест: Извинување од Фаик Демири, пристигнато во 14:56

По заканите кои ги упати за прилогот на новинарот на ТВ Телма, Срѓан Стојанчев, свое извинување до телевизија Телма испрати Демири. Во него стои:

„Г-ѓа Созен, Ви се обраќам како главен уредник на ТВ Телма за да ви се извинам за настанатата ситуација, односно моето недолично постапување. Секако дека имам почит не само кон вас туку кон целата новинарска фела која на професионален начин ја врши работата и ги штити интересите на сите нас, граѓаните“.

Претходно Демири упати пцовки и закани во приватна порака до колегата Срѓан Стојанчов по објавата на прилогот на Телма за обидот на Афрона Верзиволи повторно да се дофати до функција овојпат како кандидат за Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, главно тело за регулација на медиумите во земјава. Прилогот претставува висок јавен интерес за сите граѓани и беше изработен врз основа на сите професионални стандарди.

Недоличните содржини доаѓаат од фејсбук профилот на деверот на Афрона, Фаик Демири, кој пак е брат на нејзиниот сопруг Адриан Демири шеф на локалниот огранок на партијата Алијанса за Aлбанците која е на власт.

Верзиволи ѝ стана позната на јавноста откако летоска се изјалови обидот да стане главен ревизор за ИПА фондовите во Македонија, затоа што нема соодветен ревизорски сертификат, а Антикорупциската комисија отвори постапка за случајот.

-Мојата реакција е во афект и тоа провоцирано од зборот „изјавило“ и нема апсолутно ништо со новинарот или редакцијата, вели во своето извинуваше Демири кој бара да се повлече оригиналната објава на текстот бидејќи како што наведува „сепак сум родител и дел од општеството и не би сакал недоразбирањето да влијае врз мене“.

Инаку, законот забранува за членови на Советот на Агенцијата за медиуми, да бидат избрани лица кои биле членови на раководни органи на политичките партии во последните 10 години.

Таа не е, но нејзиниот сопруг Адриан Демири минатиот месец беше избран за шеф на локален огранок на Алијанса за Албанците во Липково за што пак партискиот лидер Арбен Таравари на Фејсбук се пофали со изборот.

Собраниската Комисија за избори и именувања минатата недела ја изгласа листата на кандидати за членови на Советот на Агенцијата, меѓу кои помина и Верзиволи.

За случајот со недоличните пораки известени се надлежните органи, а телевизија Телма побаra реакција и од новинарските здруженија во земјава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Среќа е што нема жртви во невремето – експертите апелираат да запрат импровизациите во градењето и да се проверат многу конструкции

Sonja Petrusevska

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе