Уморниот од војна Том се вработува како чувар на светилникот на осамен остров. Тој ја запознава убавата млада Изабел за на крајот да се венчаат. Еден ден гледаат мал гумен чамец како плови во океанот. Внатре има новороденче и маж. Ќе побрзаат да ги спасат, но откриваат дека човекот е мртов. Дилемата, дали да го пријават бебето или да го задржат како лек за скршено срце на Изабел поради двата претходни спонтани абортуси. Изабел ќе го убеди Том да не кажува никому за човекот и да го земе девојчето како свое дете. Подлегнувајќи на нејзиното убедување само за да ја направи среќна, Том ќе го закопа човекот на островот. Години подоцна откриваат дека девојчето има жива мајка која ја бара.
СВЕТЛИНА ПОМЕЃУ ОКЕАНИТЕ – сабота, 16 ноември 2024, 19:15
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.