Вести Македонија Најважни

Скопје утрово се буди како четврти најзагаден град во светот

Скопје утрово се буди како еден од најзагадените градови во светот. Според концентрацијата на ПМ2,5 и ПМ10 честичките во воздухот, главниот град утрово е позициониран на четвртата позиција на листата најзагаени град. Пред нас се Лахор, Пакистан, Делхи, Индија и Ханој, Виетнам, покажуваат податоците на платформата Ај-кју-ер.

На оваа платформа, утрово воздухот во Скопје е означен во категоријата „нездрав“…  Концентрацијата на ПМ2,5 честичките е 74,2 милиграми на еден кубен метар воздух, а на ПМ10 честичките е 85,5. Ова покажува концентрација на ПМ2,5 честичките поголема за 14,8 пати од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација.

Од градовите во регионот, најблиску до Скопје е Сараево на шестата позиција. И според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, синоќа на полноќ во сите скопски општини загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките е над дозволената концентрација од 50 милиграми на еден кубен метар воздух. Според овие мерни станици загаден е воздухот и во Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Струмица, Кавадарци и Куманово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Среќа е што нема жртви во невремето – експертите апелираат да запрат импровизациите во градењето и да се проверат многу конструкции

Sonja Petrusevska

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе