Вести Македонија Најважни

Конференција за климатски промени во Баку

Во Баку, Азербејџан, денеска почнува 29та Конференција на ОН за климатски промени, на која учество ќе земе и делегација од земјава. Дел од тимот ќе бидат министерот за животна средина Изет Меџити и министерката за енергетика Сања Божиновска, а делегацијата ја предводи претседателката Гордана Силјановска Давкова.

На средбата ќе се разговара за Парискиот договор и целта да се зголемат амбициите за климатската акцијa. Самитот за климатски промени служи како платформа за ветувања, обврски и акциони планови во согласност со целите на Парискиот договор, додека учесниците се шефови на држави и високи државни службеници од целиот свет.

Оваа година на разговорите за клима ќе се приклучи и Авганистан што е значаен развој за земјата по враќањето на Талибанците на власт во август 2021 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Среќа е што нема жртви во невремето – експертите апелираат да запрат импровизациите во градењето и да се проверат многу конструкции

Sonja Petrusevska

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе