Возбудлив трилер за семејството, судбината, животните околности и правдата, во режија и сценарио на Скот Купер, а продуциран од Ридли Скот и познатиот актер Леонардо ди Каприо.
Расел Блејз води тежок живот – дење работи во локалната челичарница, а ноќе се грижи за својот тешко болен татко. Заедно со неговиот брат Родни сонува за заминување и подобар живот. Поради низа несреќни околности тој завршува во затвор, додека Родни, пак, по враќањето од мисија во Ирак, се впушта во улични борби и мистериозно исчезнува.
По неуспешните обиди на полицијата да го реши случајот, свесен дека нема што да изгуби, Расел решава да ја земе правдата во свои раце, ризикувајќи ја штотуку стекнатата слобода.
Улоги: Кристијан Бејл, Кејси Афлек, Вуди Харелсон, Форест Витакер, Вилем Дефо.