Вести Македонија Најважни

Ристоска: Реорганизација на судовите и обвинителствата за справување со недостаоткот на кадар и поквалитетна правда

Бројот на судии и обивнители се намалува, бројот на предмети расте а последната генерација академци заглави на приемниот испит.

Обвинителката Ленче Ристоска смета дека е потребна оптимизација на судовите и обвинителствата за поквалитетна и поефикасна правда.  За да се утврди дали во некој град не треба да има обвинителство и суд или дали некаде треба помалку или повеќе судии и обивнители претходно да се направи функционална анализа врз основа на миграциските движења во државата за што податоци има и со последниот попис но и бројот и видот на судски предмети и кадровската екипираност.

Во државата има 34 судови и 28 јавни обвинителства. Реорганизацијата на судската мрежа се е споменуваше до сега во повеке стратегии меѓу кои и последната за правосудство.  Ристоска посочува даека овој чекор дал позитивни резултати во други земји во ЕУ

За сериозниот одлив на судии и обвинители преку анализа со бројки алармираа и  од Коалицијата сите за правично судење. Само во последниве четири години бројот на судии е намален за околу една четвртина  ако продолжи овој тренд за еедна деценија се заканувак колапс. Проблем има и кај обвинителството но и и бројот на стручни соработници е под европскиот просек.  Сето ова влијае врз неефикасноста што пак значи задоцнета и неквалитетна правда посочија од невладината.

Недостатокот на судии и обвинители нотиран и во последниот извештај на ЕК. 162 судии недостасуваат а уште 40 ќе се пензионираат во наредните 3 години, податок од судксиот совет

Влезот во судството е единствено преку академијата за судии и јавни обвинители а изминатата деценија неколку пати процесот  беше во подолг застој од различни причини. Последната генерација заглави на приемниот испит за 130 кандидати поради изборите односно по одлуките на Антикорупциска и управните судови дека е спротивно на Изборниот зкаоник и од тогаш нема придвижување.  До крајот на годината треба да заврши претгоната генерација со 97 кандидати но според проценките на наделжните недовлно да се покрие недостатокот

Како една од мерките за ублажување на последиците, министерот за правда Филков најави и зголемување на границата за пензионирање на судиите и обвинителите.

 

Елена Ивановска Мукоска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Среќа е што нема жртви во невремето – експертите апелираат да запрат импровизациите во градењето и да се проверат многу конструкции

Sonja Petrusevska

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе