Вести Македонија Најважни

Сиљановска го свика советот за безбедност – покана доби и директорот на АНБ Бојан Христовски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност, што ќе се одржи денеска, 4 ноември 2024 година, понеделник, со почеток во 15:00 часот.

Членови на Советот за безбедност се Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.

-На седницата, покрај членовите на Советот на безбедност, на покана на претседателката Сиљановска Давкова ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела  Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, стои во соопштението од кабинетот на претседателката.

Од изборот на Силјановска за претседател пред речиси 6 месеци, досега не се одржа конститувна седница на националниот Совет за безбедност. .

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Среќа е што нема жртви во невремето – експертите апелираат да запрат импровизациите во градењето и да се проверат многу конструкции

Sonja Petrusevska

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе